ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
ЗА НАС


AVTONOVA, ексклузивниот импортер за возилата од гамата на CITROËN, на македонскиот пазар започна со работа од октомври 2003 година. Oттогаш  па се до денес, AVTONOVA бележи континуирани успеси во своето работење. Мрежата на AVTONOVA се состои од 3 продажно-изложбени салони и 6 овластени дилери, распределени на целата територија на Република Македонија. Сервисната мрежа е составена од 2 сервисни центри со магацини за резервни делови и 5 овластени сервиси кои располагаат со најмодерна техничка опрема и стручно обучен кадар.

Доколку сакате да контактирате со вработените во AVTONOVA на располагање ви стојат раководителите на следните сектори:

Пост-продажба и односи со клиенти:
Горан Груевски +389 (0)2 3093 006 e-mail: aftersales@citroen.com.mk
Продажба: Борче Домлевски +389 (0)2 3093 007 e-mail: sales@citroen.com.mk
Резервни делови: Сашо Петровски +389 (0)2 3093 009 e-mail: parts@citroen.com.mk
Финансии: Жаклина Бошева +389 (0)2 3093 025 e-mail: admin@citroen.com.mk






За сите останати контакти нашата адреса е:

AVTONOVA Скопје
ул. Скупи бб, 1000 Скопје
тел: +389 (0) 2 3093 001
факс: +389 (0) 2 3093 023
www.citroen.com.mk
office@citroen.com.mk


AVTONOVA Битола

ул. Грчки пат бб, 7000 Битола
тел: +389 (0) 47 208 288
факс: +389 (0) 47 208 291
www.citroen.com.mk
prodazba.bitola@citroen.com.mk

AVTONOVA Струмица
Индустриска зона Дабиље, 2400 Струмица
тел: +389 (0) 34 323 040
факс: +389 (0) 34 323 040
www.citroen.com.mk
strumica@citroen.com.mk



AVTONOVA сертифицирана според ISO 9001:2008 стандардот

Започнувајќи од 14-ти ноевмри 2007 година, AVTONOVA сертифицирана според стандардот ISO 9001:2008 од страна на British Standards Institution.
AVTONOVA е меѓу првите импортери на автомобили на пазарот на Република македонија кој што изгради и воспостави систем за управување со квалитетот според овој меѓународен стандард.





Технологија достапна за секого со квалитетно произведени автомобили и грижа за крајните корисници е иднината на автомобилската индустрија. Со цел да ја потврдиме нашата определба за целосно задоволување на очекувањата на нашите клиенти, пристапивме кон имплементирање на „Системот за управување со квалитетот на компанијата“. Нашите сили ги насочивме кон запознавање на потребите на купувачите, понуда на производи и услуги кои ќе ги задоволат очекувањата на пазарот, запознавање на степенот на задоволство на нашите клиенти и имплементација на политиката на одржлив развој со акцент на заштитата на животната средина.

Развојот и континуираното подобрување на Системот за управување со квалитет се главните активности во осигурувањето на нашите крајни купувачи .

Сертификацијата на AVTONOVA ја изврши сертификациската куќа BSI (British Standards Institution).

Повеќе за BSI
British Standards Institution (BSI) е водечка организација во областа на стандардизацијата и квалитетот во светот. Формирана во 1901 и вклучена во Royal Charter во 1929, BSI е најстарото национално стандардизациско тело во светот. Независно од владата, индустријата и трговските асоцијации, BSI е непрофитна организација. BSI е глобално призната како независно и непартиско тело кое што им е на услуга и на приватниот и на јавниот сектор.
 


90 години технолошки иновации и автомобилска креативност





Создадена во 1919, марката CITROËN, во 2009-тата година прослави 90 години постоење. CITROËN, култура која постојано се потхранува со волјата за да разбере, вчудоневиди и за да ги задоволи клиентите.
Создавање за иднината, CITROËN тоа никогаш не престана да го прави. Тип A беше првото сериско возило комерцијализирано уште од 1919. Traction Avant претставуваше дефиниција за модерен автомобил пред 75 години. 2 CV слободата ја направи достапна за сите. DS е инкарнација за силата на прогресот.

90 години креативни возила

CITROËN е марка која е најмногу колекционирана во светот. Со претставителни возила за нивната епоха, како на пример Type A, Traction Avant, 2 CV, DS или актуелното Berlingo, C4 Picasso, новиот C3. CITROËN никогаш не престана да нуди модерен и креативен пристап за мобилност.

90 години иновации
Вчера со Traction, денес со технологијата Stop & Start, утре со хибридни мотори Diesel, CITROËN претставува визија: Créative Technologie. CITROËN го надминува едноставното техничко и научно искористување и пронаоѓа точни, корисни и зачудувачки одговори: нови возила и нови услуги кои го илустрираат потписот Créative Technologie.

90 години освојување
Со пет титули за светски шампиони во проозводители (2003, 2004, 2005, 2008, 2009), пет титули за светски шампиони возач и совозач за Sébastien Loeb и Daniel Elena (2004, 2005, 2007, 2008, 2009), CITROËN влегува во историјата на “World Rally Championship“. Историја која е веќе и пребогата и која ја докажува технологијата и огромната желба на CITROËN за победа.

90 години комуникација
Оригинална и бестрашна, комуникацијата не познава ограничувања за CITROËN. Од Ајфеловата кула па се до Internet-от, сите медиуми се вклучени за промовирање на марката и нејзините возила. Денес, како и на почетокот, CITROËN настапува со огромна енергија.





    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ

| Најава
Friends link:
christian louboutin juicy couture christian louboutin replica handbags Swiss Replica Watches