ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
C3 Picasso, новата креација на Citroën

                              C3 Picasso, новата креација на Citroën


 

 

Со C3 Picasso, Citroën уште еднаш си погра со конвенционалноста и претстави  иновативен концепт кој ќе ја игра главната улога во сегментот на моноволумени B2.

 

Плод на креативноста на марката, C3 Picasso се истакнува со храбар стил, иновативна архитектура и исклучителна генијалност. Претставува сублимат на квалитетите на моноволумен: висината на седиштата и видливоста ќе ги воодушеват патниците, додека флексибилноста и интуитивноста ќе им го олеснат секојдневниот живот.  Неговото однесување на патот, подвижноста и храброста ќе го плени клиентот кој е во потрага по задоволство и сензации.

Новиот изглед на C3 е претставен по повод мондијалот на автомобили во Париз.

 

 


 

Ѓаволест шармер

 

Круг и квадрат, сила и убавина, модернизам и ретро шарм, зафатнина и флудност: C3 Picasso сврзува спротивности за да му даде на возилото иновативен дизајн, со посебен карактер кој истовремено ќе биде привлечен и непоколеблив.

Чист и функционален изглед е најголемата желба на C3 Picasso: перформансите ги става во служба на удобноста на корисниците, и да ги придружува низ животот.

 

 

Голем внатре, мал надвор

 

Со неговата иновативна архитектура, C3 Picasso ги сврзува компактноста со пространоста. Должина 4,08 m, ширина 1,73 m и висина 1,62 m, се карактеризира со компактно лице напред и вертикална обработка назад. Оваа оригинална пропорционалност им нуди на патниците исклучителна внатрешна просторност. И зафатнината на багажникот е исто така исклучителна: до 500 литри VDA под плочата во конфигурација со 5 седишта.

 

 

 

 

 

Осмислен да го поедностави животот

 

C3 Picasso става акцент на едноставната употреба со лесна и интуитивна флексибилност со цел оптимизирање на зафатнината во рекордно време. Седиштата назад се разделени и одделно лизгаат во должина од 150 mm за удобно сместување на сите габарити. Се преклопуваат во еден потег, со команди кои се наоѓаат на горниот дел од седиштата назад. Со подвижна плоча на багажникот, оваа функција овозможува идеално рамна површина до зад првиот ред седишта.  

Оваа должина може да се максимизира со поставување на плочата на наслонот на совозачкото седиште напред.

 

 

 

Панорамска видливост  

 

Возачкото место нуди невообичаена периферна видливост, со иновацијата на ветробранското стакло во три дела, со истенчени рамки и високи седишта, за да доминирате над патот. Со панорамски кров вкупната застаклена површина може да достигне до 4,52 m2

 

 

Повеќе од моноволумен, вистинско « возило-задоволство »

 

Зад воланот на C3 Picasso, задоволството добива нови димензии.

 

Неговата компактност и дијаметар на завртување прават од него лесно управливо возило  кое си поигрува со пречките на патот. Неговото држење на патот е достојно на берлина.

Идеален за сите патишта, C3 Picasso поседува мотори кои истовремено се прецизни и ефикасни. C3 Picasso е достапен со два бензински мотори од новата генерација, VTi 95 и VTi 120, и дизел моторите HDi 90 и
HDi 110 FAP за удобност и со докажани перформанси. Нивото на емисија на CO2  достигнува 125 гр/км со HDi 90.

Кај верзиите  HDi, C3 Picasso го заслужува потписот Airdream®, со што гамата на Citroën се  карактеризира како пријател на околината.

 

 


 

 

 


 

 

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ