Откриен е CITROËN DS3 !

Препознатлива линија, која нуди комплетен избор на производи кои ја надополнуваат гамата на Марката. Линија која, како што и ни открива нејзиното име, претставува симбол на креативноста и на технологијата на CITROËN.
DS3 е екслузивна и препознатлива по : комплетниот и привлечен стил благодарение на многубројните можности на персонализација, динамично однесување со модернистички дух кој идеално ги соединува ефикасноста, релаксираноста и интелигентниот дизајн кој го прави ова возило повеќефункционално и прилагодливо на секоја ситуација. DS3 креира свој сопствен пат…
- … поставувајќи ја желбата во срцевината на искуството автомобил:
Со скулптен стил и впечатливи линии, DS3 е вистинска атракција. Вистинско возило кое се издвојува со карактерност и оригинални креации : кров « flottant », тело на ајкула кое ја дава динамичноста на каросеријата, странични LED светла кои му го истакнуваат лицето …
Концентрат на енергија, DS3 гарантира уникатен амбиент зад управувачот, каде се соединуваат елеганцијата и технологијата и каде се удвостручуваат придобивките на квалитет. Софистицирани инструменти – со дисплеј составен од три конусни кадрани -, командите за управување се наоѓаат во непосредна близина на возачот, поставеноста на возачкото седиште е ниска и седиштата оставаат впечаток на cockpit. Хромирани елементи кои го зголемуваат динамичниот амбиент, внесувајќи луксуз и препознатливост.
- … понудувајќи жив и карактерен дизајн:
Впрочем постојат повеќе DS3, така што секој може да го креира по сопствена желба! Покрив, каросерија, ретровизори, тркала, за да го создадете DS3 според вашиот имиџ. Внатре, командната табла, менувачот како и повеќето делови од ентериерот можат да бидат во различни бои или материјали. DS3: личен предмет кој дефинитивно е уникатен.
- … модерна визија за уживање во возењето:
На пат, DS3 се препознава со неговата соединување на задоволство во возењето со удобноста на секојдневната употреба. Подвижен и енергичен DS3 « го доближува » возачот до патот за лесно совладување на кривините и свиоците. За Винсен Бесон (Vincent Besson), Директор на производи и пазари PSA, « да се управува DS3, е исто како да ги имаш тркалата на дофат». Комфорот зад управувачот е на ниво кое досега не било остварено кај ваков тип на возило.
Со ниво на емисија на CO2 од 99 g/km, DS3 го поставува CITROËN на лидерска позиција во сегмент за заштита на околината. 5 мотори Euro V, со високи перформанси и доблести : - 2 мотори HDi FAP со 110 и 90 КС - 3 мотори бензин THP 150, VTi 120 и VTi 95 DS3 се произведува во Франција во фабриките во Пуаси. За беспрекорен квалитет на целината.
- … шармирајќи со услугите понудени во секојдневието:
DS3 е иновација на повеќефункционаална берлина со должина од 3,95 m, 1,71 m ширина и 1,46 m висина, со посебно интелигентна архитектура: командната табла е повисока за да се ослободи место за нозете додека тенките седишта и линијата назад од типот на "shooting break" даваат предност на просторот назад. Концепцијата на DS3 овозможува понуда на 5 вистински седишта, многубројни прегради и (од кои фиока со зафатнина од 13 л) како и простран багажен простор (285 l) кој се прилагодува со помош на преклопувачката разделна клупа 2/3-1/3.
 
DS3 ви го разубавува животот разгалувајќи ги вашите чувства, за што докажува HiFi System од најновата генерација. Покрај сите услуги кои ги нуди DS3, CITROËN додава и специјална услуга наречена CITROËN FREEDRIVE, која му овозмоува на клиентот да добие на располагање возило на замена за времето додека неговиот DS3 се наоѓа на сервис.
Поттик на задоволство
- Сосема поинаква личност, која заведува со нејзиниот стил
- Симбол на препознатливост со екстремна грижа за детелите : скапоцени и вредни материјали
- Богата и оригинална понуда: 7 оригинални персонализации
Почувствување на патот
- Темперамент кој ги соединува задоволството со контролата, и со комфор кој е достоен за Citroën
- Биланс во согласност до потребите за еден лидер: верзија со 99 g/km и значајна контрола на масата
- ESP и 6 airbags во сериска опрема
- Беспрекорна доверба : цврста концепција изработена во Франција, во Пуаси
Задоволување на секојдневието
- Прво урбано возило кое истовремено е елегантно и практично : 5 вистински седишта, простран багажник (285 l), разделна клупа 2/3-1/3
- Креативноста на CITROËN во служба на целосно искуство на сетилата : акустичен комфор достоен за повисоките сегменти
- Услуги специјални за линијата DS : CITROËN FREEDRIVE, за задоволување на најпребирливите клиенти

ПОТТИК НА ЗАДОВОЛСТВО
Сосема поинаква личност, која заведува со нејзиниот стил
Управувањето со проектот Стил на CITROËN DS3 е предводено со три клучни зборови: изненадување, заведување и динамичност. Резултат : изглед кој истовремено е мускулест и сензуален, компактен и динамичен, обоен со елегантни хромирани елементи.
Креативноста се препознава во секој дел на DS3 за што доказ се покривот кој лебди или пак средишната рамка која се прекинува напред и се поврзува со покривот формирајќи опаш на ајкула. Неговите линии се привлечни, правејќи од DS3 чист предмет на задоволство и привлечност: неговиот динамичен изглед нуди неповторливи чувства во возењето, задната страна е од типот на break за лов со реални карактеристики на просторност, секое делче е потврда за беспрекорна обработка давајќи му бесценет карактер. Несекојдневен дизајн, DS3 е ретко возило со странични светла со LED. Одлично поставено на тркалата, неговата морфологија нè опушта и смирува.
Внатрешноста на возилото создава уникатно чувство на контрола и на елеганција. Деловите се раселени и елегантно вградени со екстремна прецизност. Командната табла – чиј горен дел е « воздушен » го најавува лебдечкиот покрив – израз на флуидност. Хоризонталноста на целината е потенцирана со лајсна која се протега од едниот до другиот крај на таблата, која ги зближува двајцата патници напред. Возачкото седиште постанува cockpit, околу кое се наоѓаат сите дисплеи и команди за возење. Инструмент таблата со три конусни кадрани, воланот со мал дијаметар, ниски и обвиткувачки седишта и даваат на целината спортски карактер.

Атмосфера синоним за препознатливост
Покрај стилскиот изглед, CITROËN DS3 нуди амбиент исполнет со луксузни материјали кои се во целосна хармонија.
Бесценет затоа што е уникатен
Естетиката на DS3 се претставува во повеќе варијанти. Асортиман на бои и понудени материјали и нивнтите комбинации внесуваат нов модернистички дух во категоријата на возила.
Впрочем, клиентот по сопствена желба може да одбере:
- Покрив во четири бои различен од каросеријата: црн Onyx, бел Opale, син Botticelli или црвен Carmen.
- Ретровиозорите и долниот дел на вратите се во боја или во хром.
- Тркалата и централниот дел се во боја по желба.
Многуте декорации прават од DS3 уникатно возило : како симбол, дел од далечинскиот клуч е во боја на надворешната каросерија … за секогаш да си имате дел од DS3 со вас !
Седум тематски комбинации од кои првите четири од самото лансирање:
- Maori, за еден дух на « Tatouage »
- Zèbre, за еден дух « Ethnic »
- Onde, за еден дух « Good Vibrations »
- Daisy, за еден дух « Fashion »
- Co-Design, за еден дух « Art Work »
- Map, за еден дух « Paris Night »
- Plane, за еден дух « Nice Warrior »
ПОЧУВСТВУВАЊЕ НА ПАТОТ
Силен темперамент за целосна смиреност
DS3 нуди нов тип на возење, модерен кој ги сврзува динамичноста со контролата. Задовлството во возење овде е оптимално.
Ова однесување на патот има повеќе основи:
- Шасијата и подвижните возови, од типот на рseudo-McPherson напред и деформирачки премин назад, се предмет на изработка со највисока прецизност.
- Што се однесува на управувањето, поседува волан со мал дијаметар – 363 mm – и калибриран закон на асистенција за испраќање на најпрецизни информации : возачот ќе си ги постави тркалата каде што ќе посака и при секаква брзина.
Затоа што квалитетно возило задолжително е опремено со одличен мотор, DS3 нуди 5 мотори Euro V гарантирајќи рафинираност, мекост и перформанси:
- 2 мотори HDi FAP со 110 и 90 КС со мануелен петтостепен или шестостепен менувач.
- 3 мотори бензин со мануелен петтостепен или шестостепен менувач. THP 150, VTi 120 – со автоматски менувач – и VTi 95.
Во хармонија со еколошките цели на Citroën
Затоа што задоволството во возење треба да биде градско уживање, CITROËN DS3 е конструиран за целосно почитување на светот околу него. Емисија на CO2 е во идеална адекватност со leadership за екологија и нормите на CITROËN. Впрочем, при просечна употреба, нивото на емисија кај моторот HDi FAP систематски се помали од 115 g/km – со понуда од 99 g/km – додека за бензинската понуда нивото на CO2 се движи од 136 g/km и 160g/km.
Прилагодување на патот за да состои само задоволство во возењето
Не е допуштен ников пропуст на безбедноста на патниците, CITROËN DS3 нуди систем на сопирање особено безбеден и сигурен. ESP, ABS, Електронски распределувач на сопирањето (REF) и Помош при нагло сопирање (AFU) претставува серија од ултра комплетна помош при сопирање. Пасивната сигурност е исто така на највисоко ниво. Во сериска опрема спаѓаат 6 airbags, сигурносни ремени на три точки на прицврстување или пак прицврстувачи Isofix на страничните седишта назад.
Уште од првото ниво DS3 располага со богата опрема за помош во возењето како на пример регулатор/ограничувач на брзина или пак индикатор за промена на степенот за возење кое истовремено е економично и еколошко.
Беспрекорен квалитет на функционирање
Дизајнерите успеаа да направат од DS3 возило со беспрекорен квалитет и безбедност.
DS3 е првиот проект на CITROËN со целосно нова шема на креирање без алат прототип, чија цел е создавање на претставително сериско возило. На проектот DS3, најголемиот дел на дефекти е обработен пред да се направат тестови на возење, околу два милиони километри пред негово лансирање.
Покрај цврстата концепција, CITROËN DS3 ќе располага со производствената линија на PSA во Пуаси (Poissy), во целосна согласност на стандардите на квалитет на Марката. Покрај ова, располага со најновите стандарди за систем на производство на PSA и на Lean Manufacturing, за оптимизирање на квалитет на производство и намалување на времето на одговор во однос на клиентот.

ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА СЕКОЈДНЕВИЕТО
Елегантна убавица која изненадува со повеќефункционалост …
Со 3,95 m дожина и 1,71 m ширина, надворешните коти на DS3 го рангираат ова возило меѓу најкомпактните во сегментот. Со висина од 1,46 m, и дијаметар на завртување меѓу 10,2 m и 10,4 m зависно од пневматиците – претставува репер во сегментот.
Целосно искуство на чувствата
Покрај стилистичката обработка и изборот на материјалот и ентериерот CITROËN DS3 се истакнува со иновативна технологија која ги исполнува чувствата на патниците.
Специјална услуга
Со понудата CITROËN FREEDRIVE, наменета за DS3, делот услуга на клиентот ја има целата вредност.
Најнапред е гаранција за целосна смиреност, и опфаќа земање во предвид на сите услуги во делот на одржување и целосно чистење и миење на возилото.
CITROËN FREEDRIVE има за цел да ја гарантира подвижност на возачот во секое време, доколку неговиот DS3 се наоѓа во сервисот.
|