Компактното урбано возило, REVOLTE проникливо си поигрува со стапиците во градскиот метеж со целосно менување на визијата за традиционално мало возило. Храбро и модерно, лускузно со боја на арогантност, технологија одраз на гламур и динамизам преполн виталност.
Бисерни бои и glossy, меки и велур платна, суптилни и рафинирани материјали, REVOLTE ги втурнува патниците во женски свет … толку елегантен и смел!
Жив и нервозен, REVOLTE ја одбира технологијата на иднината со хибриден начин на придвижување. Препуштајќи му се на електричниот начин, оваа технологија нуди одлични еколошки карактеристики.
Меланхолијата, традиционалноста и пасивноста се исклучени од светот на REVOLTE. Ова возило покажа карактер и карактеристики кои се својствени да го обојат градот во еден луксузен свет.

REVOLTE учествува во тековите на неговото време. Зголемен урбанизам, многубројни средства на комуникација, мноштво на солуции за придвижување се причини за големи промени на малите возила. Одраз на промените во општеството и стилот на живеење, ова мало возило постојано го менува статусот и полето на делување: економично возило, второ возило, или пак моден детал, ова мало возило е подготвено за секакви авантури. Отсекогаш, Citroën владеел со светот на мали возила каде си создаде терен на привилегиран израз. Марката уште еднаш ги насочи светлата кон возилата од сегментот со лансирање на новиот C3 и на DS3.
REVOLTE, кралски трансгресивен, очигледно поинаков
Со неговите енергични линии, намалени димензии, REVOLTE би можел да се задоволи со мало урбано традиционално возило. Но на REVOLTE му одговара името и тоа оди подалеку. Концепт возилото нуди современ пристап, од високата гама, но кое умее истовремено да ги прекрши кодексите воспоставени од луксузот онака како си ги замислуваме, пристап кој во себе вградува репери кои се целосно оддалечени од познатите атрибути за автомобилскиот свет.

Повеќе од функционално возило со мали димензии, REVOLTE дава привилегија на виталноста и на возбудливоста. Со неговите димензии (3,68 m должина, 1,73 m ширина и 1,35 m висина) но и со неговата руба која излегува од строгите клишеа на традиционален луксуз со интензивна и светла виолетова боја.
Ниско, добро поставено на четири тркала, REVOLTE одлучно ги надминува сите ограничувања во урбаниот сообраќај. Било да станува збор за маркантните премини на тркала, капакот на моторот со заоблени линии или пак скулптурните страници кои се искажуваат до заоблениот покрив, REVOLTE ги открива облините на една моќна мускулатура.

REVOLTE нуди троделна внатрешност, според моделот на lounge и зафатнина која се доближува на ентериер. REVOLTE ужива во архитектура која никогаш досега не била применувана за ваков тип на возило, а поставеноста на елементите е оригинално и препознатливо.
Вратите со спротивно отворање за лесен пристап зад воланот, според примерот на сет за раззубаавување, еден повеќебоен внатрешен простор. Оваа невообичаена постапка, која се состои во спојување на живите бои со светот од високата гама, ја потврдува креативноста на CITROËN. REVOLTE, како што претходно беше концепт возилото Hypnos, се впиша во желбата за промена на традиционалните кодови за луксуз. Црна кожа, дебел велур во црвена carmin боја и алуминиум се главните компоненети на внатрешноста на ова концепт возило. Нема повеќе класични материјали како дрво или конвенционални бои, амбиентот во REVOLTE е храбар но сепак луксузен.

REVOLTE се осмели да создаде внатрешност со три седишта, според типот на lounge и понудувајќи зафатнини кои наликуваат на мебел во ентериерот. Просторот наменет за патниците е составен од кауч со современа изработка чии флуидни линии се протегаат до задниот дел на REVOLTE како и просторот кој вообичаено е наменет за патниците напред. Исто така може да се постави и седиште за дете, со грбот кон патот.
REVOLTE поседува архитектура која досега не била никогаш применета во овој тип на возило и поставеност на зафатнините кои истовремено се оригинални и поинакви.

REVOLTE или избор на интелигентна технологија
Пристапот на REVOLTE во делот на иновации се наклони кон вкусот на луксузот. Јасно нераздвоиви, понекогаш е тешко да се разграничи дали лускузноста на возилото ја инспирира технологијата или пак технологијата служи како поддршка на луксузот. На прв поглед, REVOLTE веднаш пленува и се наметнува една вистина: зад воланот, интелигентната технологија и лускузот се спојуваат за што докажуваат и следните елементи:
- допирен екран REVOLTE обвиткна со мрежа од кристали. Вистинско мајсторско дело, кристалите во црвена интезивна боја буквално го проектираат допирниот екран во внатрешноста и тоа на елоквентен и оригинален начин. Нивната функција не запира тука, затоа што нивната намена е респирација и прочистување на воздухот во внатрешноста REVOLTE ;
- елегантна и модерна, клупата назад на REVOLTE не е едноставен приказ на стил затоа што во неа се наоѓаат и елекричните батерии на концепт возилото. Со умешно затскривање на оваа опрема, внатрешноста станува естетски поскапоцена ;
- однадвор, капакот на мотоорт на концепт возилото е покриен со волтни келии за електричните функции поврзани со комфорот во возењето на REVOLTE, вклучително и запирањата без истрошување на електричните батериите;
- однапред REVOLTE, вниманието е привлечено со облините на големата заштитна маска, чија прозирна основа е ретроосветлена за да се истакнат шевроните. Припадноста на концепт возилото на светот на марката е на овој начин суптилно акцентирана
Моторот на REVOLTE ја споделува филозофијата на концепт возило, истовремено во смисла на технологија, софистицираност и екологија.

REVOLTE, модерен активист
Традиционалната визија која поистоветува « мало » со « основно » целосно исчезнува кога станува збор за моторот на REVOLTE. Ги поседува следните карактеристики и елементи :
- термички традиционален мотор со електричен мотор, и двата можат да ги движат тркалата
- капацитет да се движи ZEV (Zero Emission Vehicule), односно целосно електричен и без емисија на гасови, - можност за наполнување на батериите кои го напојуваат електричниот мотор.
Овој хибриден напојувачки начин го надминува електричниот начин и дополнително гарантира никакво испуштање на CO2, бессшумност и високоценет комфор во возењето.
REVOLTE докажува идеално усогласување на урбаното опкружување во кој целосно се почитуваат еколошките правила истовремено гарантирајќи агилност и зачудувачка темпераментност.

REVOLTE ги испревртува сите правила !
Штом станува збор за раскин со традиционалниот имиџ на мало возило, Citroën тоа го прави бестрашно и со ароганција. Токму затоа целиот модернизам на REVOLTE се изразува преку стилистичка провокација инспирирана од неговиот предок: 2 CV. Вистинска икона, која претставува инкарнација на поимот мало возило. Наследникот, REVOLTE повторно се интересира за кодовите кои ги воведе 2 CV. - 2 CV беше концизен и неутрален, REVOLTE е луксузен и обоен, - 2 CV беше основен и едноставен, REVOLTE е интелигентен и технолошки, - 2 CV беше бавен и мирен, REVOLTE е жив и нервозен.

REVOLTE на тој начин е израз на креативност и динамичност на Citroën, марка која одлично ги сфаќа одговорностите и обврските кои се дел од неговата историја и неуморно е во потрага кон развој. Citroën прославува 90 години успех во автомобилите, технологиите и иновациите како извор на инспирација на генерациите кои доаѓаат.
|