ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
CITROËN НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА ДИНАМИЗАМ И КРЕАТИВНОСТ, ПОЛИТИКА НА ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА И УСЛУГИ

Париз,  2-ри март 2010


CITROËN НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА 
ДИНАМИЗАМ И КРЕАТИВНОСТ, ПОЛИТИКА НА ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА И УСЛУГИ
 


80-то издание на Меѓународниот саем на автомобили во Женева е повод CITROËN да ја покаже неговата динамичност и креативност:


• По лансирањето на DS3, CITROËN премина во нова етапа на неговата линија производи DS со две концепт возила : DS3 Racing, ултра спортска верзија на DS3 дизајнирана од Citroën Racing и DS High Rider, кој најави нов модел во гамата;
• Сериозно сфатената политика за намалување на потрошувачка на гориво и ефектот на стаклена градина, марката ја претстави со демонстраторот C3 Picasso e-HDi, носител на низа иновативни солуции од типот на (Stop&Start, управуван менувач, еколошки материјали, покрив со фотоволтни келии), C-ZERO, второто електрично возило на CITROËN по Berlingo First и Survolt, концепт возило кое ги надмина кодексите со поврзување на натпреварувачкиот дух, софистицираноста и екологијата ;
• CITROËN прикажа и иновативност и модернизам во неговите услуги со:
- eTouch, пакет услуги кои подразбираат помош на пат и асистенција, со помош на вградена SIM картичка, виртуелна сервисна книшка и услугата écodriving, која е достапна преку Internet,
- WiFi on board, за конектирање на Internet во возилата на марката.


 


CITROËN ЈА ПРОДОЛЖУВА АВАНТУРАТА НАРЕЧЕНА DS


Во февруари 2009, CITROËN помпезно го најави раѓањето на посебна линија производи: DS. Со нивниот изглед најавуваа нова динамичност на марката, симболично претставена со новиот слоган : Créative Technologie. Бунтовна, храбра, линијата DS е инкарнација на задоволство, рафинираност, слобода на мислење. По успешното лансирање на DS3, CITROËN понуди две концепт возила: DS3 Racing и DS High Rider.


 


DS HIGH RIDER : динамичност, компактност и ексклузивност


Citroën создаде нова етапа која ја најавува утрешнината на линијата DS, со концептот DS High Rider. Модерна визија на динамичност чија основна вредност е компактноста и која создава нови гледишта за уживањето во автомобилот и иновативна технолошка постапка која се потпира на Full Hybrid 4. 
Без да се откаже од традиционалниот шарм на coupés, Citroën со овој концепт создаде поинаков начин на изразување на динамичноста на автомобилот.


 


 


DS3 RACING : дефинитивно спортски дух 


Со пет титули на светски шампиони во рели во класа производители WRC и шест титули за возач и совозач за Sébastien Loeb и Daniel Elena, CITROËN влезе во историјата на автомобилските трки. Марката го продолжува истиот дух со DS3 Racing. Инжинерите од Citroën Racing си присвоива еден DS3 и го направија според имиџот на секторот за натпреварување на марката.
Концептот ги поседува сите атрибути на 100 % Racing, како на пример вградување на специфични елементи од карбонати кои произлегуваат од светот на натпреварување со автомобили. Дизајниран од Citroën Racing, со мотор 1,6 л кој достигнува 200 КС. Шасијата и подвзјето беа предмет на посебна прецизна обработка. Инжинерите си поставија цел да им дадат предност на интезивните чувства и непрекинатиот дијалог меѓу возачот и патот.


  



CITROËN, МАРКА КОЈА СЕ ЗАЛАГА И КОЈА Е АКТИВНА ВО ДЕЛОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА
Многу години наназад марката се залага за намалување потрошувачката на гориво и ефектот на стаклена градина, CITROËN се вбројува меѓу првите кои се грижат за екологијата со:
• 1/3 од комерцијализираните возила испуштаат максимум 120 гр/км CO2,
• 42 %  од комерцијализираните возила најмногу 130 гр/км CO2,
• C3 и DS3, нудат верзии кои испуштаат 99 гр/км CO2,
• Генерализирање на систем Stop&Start од втора генерација од 2010,
• Лансирање на возило Full Hybrid во 2011, со DS5.
Марката нуди возила од гамата кои гарантираат висок степен за заштита на  околината. CITROËN го придава еколошкиот симбол Airdream® на неговите најеколошки модели.


C3 PICASSO e-HDi : нов пристап кон постојан развој


CITROËN лансира нов назив: e-HDi. Оваа ознака ќе биде поставена на моделите кои поседуваат иновативни технологии со вграден микро-хибриден систем Stop&Start од  најновата технологија.  Оваа технологија нуди удобност во употребата на вртежениот момент со регенерирање на батеријата при намалување на брзината или при сопирање, со што се контролира потрошувачката и се намалува емисијата на CO2. Со мотор 1.6 HDi, демонстраторот C3 Picasso e HDI поседува систем Stop&Start од втора генерација но исто така и менуелно управуван менувач.
Овој демонстратор ја има во себе најновата технологија во смисла на постојан развој :
• Поликарбонатен покрив со 70 фото келии со моќност од 160 W за наполнување на батеријата, за намалување на употребата на алтернаторот и оттука и помала потрошувачка;
• Употреба на "зелени" материјали и тоа во големи количини. Стапката на примената е околу 20 %, со употреба на нови делови од типот на патосници, пења на седиштата, раткапни на тркалата или пак резервоарот за гориво. За 2011, CITROËN си постави како цел употреба на 20 % на "зелени" материјали за секој до новите модели.


C-ZERO : солуција 100 % електрика


Нула литри гориво, нула емисија СO2, нула бучава ! Со C-НУЛА, CITROËN го збогатува сегментот мали возила со солуција 100 % електрика. Ова ново градско возило е осмислено да го олесни движењето во град : мал габарит, брзо полнење  и доволна автономија во градските секојдневни патувања, и сето тоа во тишина така што бучавата во градот е минато. Концентрат на технологија и на креативност за да одговори на предизвикот на утрешнината.
Со над 5 500 произведени електрични возила, CITROËN располага со незаменливо искуство за да биде актер од прв ранг на пазарот кој ќе бележи голем развој во годините кои доаѓаат.
Комерцијализиран во последното тримесечје од 2010, CITROËN C-ZERO, ќе биде второто електрично возило на марката, покрај Berlingo First Electrique, дизајниран во соработка со Venturi.
Со лансирањето на C-ZERO, CITROËN ќе понуди нова иновативна солуција на примена на автомобилот на утрешнината.
На овој начин, сите клиенти на CITROËN, преку Internet и посебен број, ќе можат согласно нивните желби да ги зголемат движењата со целата гама на CITROËN. Во големите агломерати, со едноставен клик или телефонски повик, возилата можат да бидат на располагање на местото на повикот.
Уште денес, овие услуги ќе им бидат на располагање на бизнис клиентите LLD (изнајмување на долг период).
Кон крајот на годината, најпрво во Франција а потоа и во цела Европа, секој ќе има пристап до комплетната услуга вклучувајќи и електрично возило.



CITROËN прави сé за да ви го олесни движењето.


SURVOLT : гламурозен, возбудлив и непокорлив!
Survolt е продолжение на размислувањето на CITROËN за поинакви електрични возила, иницирани според концепт возилото Revolte претставено на последниот саем во Франкфурт. Survolt нуди сосема поинакви погледи на свет: Идеален спој на гламур  и екстравагантност од високата мода со динамичноста на автомобил за натпреварување.


Желбата да се надминат границите, да се оди подалеку и да се креира, и да се твори  е впишано во гените на марката CITROËN. Да се прекине со конвенциите, да се прекршат правилата, да се поместат линиите, постојано да се изненадува, претставува возбудливо трагање, лајтмотив на марката, кој во 90-те години постоење постојано нуди иновативни предмети кои се пред нивното време.


 


 


CITROËN, ПРЕД СИТЕ ВО ДОМЕНОТ НА УСЛУГИТЕ


Créative Technologie на CITROËN се преведува со сосема нови иновативни услуги. 


eTouch : асистенција зад управувачот
На најважните европски пазари, во 2010, CITROËN ќе понуди eTouch, и тоа речиси во целата негова гама,. Станува збор за услуги кои опфаќаат повикување на помош на пат и локализирана асистенција, кои се на располагање со вградена SIM картичка, и виртуелна сервисна книшка како и услугата écodriving достапна преку Internet.
За повиците, eTouch функционира целосно независно. Системот е опремен со модул GPS и карта SIM без потреба од телефонска претплата. Зад управувачот, две команди се на располагање првата е « SOS » за итни повици (повикот може да се оствари и автоматски при настанување на удар), и втората « Double Chevrons » за повикување на асистенција. Овие две услуги се бесплатни и се на распогање 24 часа, 7 дена во седмицата.


WiFi on board : подвижен интернет
CITROËN нуди Internet конекција во неговите возила со помош на WiFi on board кој им овозможува на патниците целосна употреба на Internet за време на нивните патувања. Се продава како дополнителна опрема и без претплата, нуди безжична конекција која функционира со карта SIM 3G/3G+.



40 ГОДИНИ ОД CITROËN SM : ПРЕДВЕСНИК НА КРЕАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА


Ова 80то издание на аемот во Женева е важна годишнина на марката ; впрочем и 11 март 1970, CITROËN премиерно го претстави митскиот SM, фабулозниот GT, кој постана крал на асфалтот благодарение на неговите перформанси. 40 години подоцна,  Créative Technologie е сеуште актуелна.


  


 


 




 

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ