ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
CITROËN DS3 RACING : РЕШИТЕЛНО СПОРТСКО ВОЗИЛО

Париз, 2 март 2010


CITROËN DS3 RACING : РЕШИТЕЛНО СПОРТСКО ВОЗИЛО


Со пет титули за светски шампион во рели за производители WRC и шест титули за возач и совозач за Себастијан Лоеб и Даниел Елена, CITROËN влезе во историјата на автомобилскиот спорт. Марката ја следи оваа авантура со DS3 Racing. Инжинерите од  Citroën Racing си зедоа еден DS3 и го обликуваа според имиџот на секторот за натпревари за Марката.
Концептот ги поседува сите атрибути на 100 % Racing, како вградување на елементи од карбонати како и специјална опрема која произлегува од светот на автомобилските натпревари. Изработен од Citroën Racing, моторот од 1,6 литри кој достигнува 200 КС. Шасијата и подвозјето се предмет на прецизна обработка. Инжинерите си поставија за цел  да дадат предност на интензивни чувства и непрестан дијалог меѓу возачот и патот.
DS3 Racing ќе биде комерцијализиа во ограничено издание од 1 000 парчиња, и тоа од втората половина на 2010.



Дизајн исполнет со чувства


DS3 Racing поседува стил кој инспирира на бесстрашност, желба, моќност, потреба да се надминат границите. Должина од 3,94 m, DS3 Racing е концентрат на спортскиот дух. Неговите линии се привлечни, течни и затегнати, сила и моќност, задоволство да се вози и чувство на безбедност.
DS3 Racing ги превзема стилистичките кодови на DS3, но се разликува по неговите атрибути кои се 100 % Racing, кои сугерураат на чистокрвен и силен темперамент. 



 


Во нивото на опременост карбонат се наоѓа полутврда лајсна во браникот напред, на линијата на долниот дел од каросеријта како и проширувачи на крилата кои ги истакнуваат големите тркала од 18 инчи, со уникатен дизајн, кој истовремено е high-tech и спортски.



DS3 Racing располага со аердинамичност кој произлегува од светот на автомобилските натпревари. Дифузерот за водух кај обработката карбонати  има за цел да ја одржи стабилноста на возилото при големи брзини. Хромираната издувна цевка ја потенцира елегантноста и привлечната линија на возилото.
Кај DS3 Racing целата опрема произлегува од светот на рели трките со карактер кој е крајно спортски и атлетски, и кој ја открива неговата ексклузивност со специјалниот потпис на задната врата.



Ексклузивен е и настапот на DS3  во рамки на Саемот во Женава; темно сива каросерија, додека покривот, надворшните ретровизори  и сопирачките се во портокалова боја. Маската и фелните се во хромирана портокалова боја.


Кровот, капакот на багажникот и капачето на резервоарот можат да се персонализираат со помош на самолепливи декоративни елементи.



Поинаков и рафиниран амбиент


Внатрешноста на DS3 ја поседува истата ексклузивна обработка на надворешноста. Патниците уживаат во луксузен, оригинален и расен амбиент. Кај нивото на опременост  карбонат се истакнува елеганцијата на командната табла,  декортивните елементи на управувачот, наслоните на вратите и на дисплејот од инструмент таблата.




Ексклузивноста на DS3 Racing е јасно претставена со нумерираната плочка која се наоѓа на плафонот. Потписот Citroën Racing се наоѓа на наслонот на седиштата.


Мотор со висок темперамент


Перформансите се во срцевината на преокупациите на DS3 Racing. Доведен до совршенство од Citroën Racing, неговиот мотор го имаше на располагање целото експертско знаење на марката, која е петострук светски шампион за производители во WRC (2003, 2004, 2005, 2008 и 2009).


Изработен според моторот 1,6 l THP 150, за да гарантира највисоки резултати, инжинерите ја зголемија неговата моќност, која од 156 достигна до 200 КС. Вртежниот момент е исто така подарежлив. Тој поминува од 240 Nm на 275 Nm, или прогресија од 15 %, и поширок опсег на режим за да гарантира мекост и удобност во возењето.
Зголемување на моќноста и на вртежниот момент е резултат на повеќе модификации и оптимизирања кои беа направени на механичките органи. Турбото е адаптирано за да овозможи поголема моќност.



Поврзување со подлогата дава привилегии на уживањето во возењето


Шасијата и подвозјето на DS3 беа предмет на прецизна обработка. Кај DS3 Racing, инжинерите си поставија за цел  да дадат предност на интензивни чувства и непрестан дијалог меѓу возачот и патот. Вака дефиниран, DS3 Racing ги поседува сите атрибути за постане репер во делот на однесување на патот.


За буквално да се залепи на патот, патот напред и назад е проширен за 30 mm. Поставеноста е спуштена за 15 mn. Модификациите овозможуваат длабински промени во однесувањето на патот на DS3.


Амортизерите напред и назад се нови и со прилагодени подесувања за да можат да ја контролираат моќноста. DS3 Racing има и специјални пружини со зголемена стапка на цврстина. Овие промени ја зголемуваат моторичноста и стабилноста на ова возило. Гарантираат одлично читање на патот и брзи надминувања на свиоците и тоа во целосна смиреност.


Уште попрецизен, управувачот е прилагоден на спортскиот темперамент на возилото: личната карта на управувачот на DS3 Racing е специфична, законите на асистенција се променети и прилагодени на новите пневматици. DS3 Racing предизвикува многу добар feeling и одлично држење на патот.



Оваа моќност е целосно контролирана со системот за сопирање направен според дефиниција на Racing. Напред DS3 Racing поседува 4 шепи со пистони и специјални дискови. А назад, за поголеми перформанси и сигурност дисковите се перфорирани. ESP е посебно програмиран за да ја отслика живоста, спортскиот дух и уживањето во возење. По желба на возачот тој може целосно да се исклучи.


Модификациите што се направени му гарантираат на DS3 Racing темперамент богат со емоции, сензации, динамичност и ентузијазам.


Главни карактеристики
Димензии (должина x ширина x висина) (mm)   3948 x 1737 x 1451
Меѓуоскино растојание(mm)  2460
Мотор THP 200
Тип 4 цилиндри / 16 вентили бензин + turbo
Зафатнина (cm3) 1598
Макс. моќност  КС/kW при врт/мин  200 / 147 при 5800
Макс. врт. момент (Nm) при врт/мин   275 од 2500 до 4000
Пневматици  215 / 40 R 18


 

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ