C4 И ЕЛЕКТРИЧЕН Ë-C4
Достапен во салоните
Откријте го компактниот хечбек од гамата на Citroën, дизајниран за одговорност.
Сите типови мотори се апсолутно идентични во однос на комфор, дизајн и едноставност при користење.
Благодарение на новиот електричен мотор, уживајте во поголем опсег за возење, и до 420 километри.
ПАТУВАЈТЕ СМИРЕНО
Електричен Ë-C4
Клучните електрични карактеристики кај ë-C4:
- Клучните електрични карактеристики кај ë-C4:
- Опсег на возење и до 420 km според WLTP циклусот
- Моторот испорачува 115 kW моќност, што е еднакво на 156 КС
- 3 режими на возење (нормален, еко и спортски) за отклучување на задоволството при возењето без емисија на CO2.
- Топлинска пумпа како стандард, енергетски поефикасна од 4 до 6 пати од конвенционалниот систем за греење
C4 со мотор со внатрешно согорување
- Достапен во бензинска и дизел верзија
- Мотори од 100 КС до 150 КС со EAT8 автоматски или мануелен менувач
НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА ХЕЧБЕК
Обновен изглед и еко-одговорно возило
Со издигната положба, големите тркала и комфорна големина, C4 и ë-C4 изгледаат подготвени за налет. Просторни, но сепак аеродинамични.
Еко-одговорноста е во срцето на нашиот бизнис, во начинот на кој ги развиваме производствените методи, новите технологии и возилата
Одлучете се за бојата на каросерија што ја отсликува вашата личност: изберете посмирена нијанса од Ice бела, Obsidian црна, Steel сива и Platinium сива.
За нешто малку поживо, бидете смели и изберете од посветлите бои како Elixir црвена, Caramel кафена или Iceland сина.
32 КОМБИНАЦИИВо Citroën, возбудата за персонализација на вашето возило е исклучителна. На вас е да изберете од сите бои за вашиот C4.
Однадвор, изберете помеѓу 7 бои на каросеријата и 5 пакети бои за вкупно 32 комбинации.
Одвнатре може да се прилагоди и со избирање од 6-те амбиенти за внатрешност.
Одзади изгледа и спортски и цврст.
Неговото интересно задно ветробранско стакло со вертикалната полица и спојлерот е враќање на линиите на купе.
Исто како и на предниот дел, задните светла имаат ново светлосен потпис во форма на буквата V.
ПРЕПОЗНАТЛИВ ДИЗАЈН КАЈ ЕЛЕКТРИЧНИОТ Ë-C4 5 ПАКЕТИ БОИTextured сива, Glossy црна, Anodised Deep црвена, Sable метална или Anodised сина специјално за ë-C4.
Овие блесоци во боја се појавуваат и околу светлата за магла и околу џебовите Airbump®.
На вас е да изберете што најмногу ви одговара.
6 АМБИЕНТИ НА ВНАТРЕШНОСТ АЕРОДИНАМИЧЕН ПРОФИЛC4 и електричниот ë-C4 имаат аеродинамичен дизајн кој ги комбинира просторноста и меките линии на хечбек со помускулестиот изглед на SUV.
Големите тркала го прават и цврст и елегантен за гледање.
6 АМБИЕНТИ НА ВНАТРЕШНОСТ МНОГУ ЕКСПРЕСИВЕН ЛИКСо високи, извајани капаци на мотор, C4 и електричниот ë-C4 се пред сè за спортски, смел шик.
Предниот дел на автомобилот ги повторува сите естетски кодови на Citroën со светлосниот потпис на марката во форма на буквата V.
Предните светла со двојна висина и хромираните шеврони се протегаат низ ширината на автомобилот.
Овој нов дизајн ја истакнува 100% технологијата „Citroën LED Vision“ со дневните светла, светлата со 3 модули и LED светлата за магла.
- Годишно се користат 4.000 тони рециклирана пластика
- Од табла за цртање до пат: намален јаглероден отпечаток
- 4 фудбалски терени соларни панели каде се произведуваат и склопуваат C4 и електричниот Ë-C4
НЕСПОРЕДЛИВ СЕОПФАТЕН КОМФОР
ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА
Седиштата кај C4 и електричниот ë-C4 се прекрасни и широки со широки наслони. Ова ги прави комфорни на многу нивоа.
Тие изгледаат одлично со навлаките, комфорни на прв поглед со нивното инстантна поддршка и мекост кога ќе седнете, воедно обезбедувајќи потпора за држење на телото благодарение на сунѓерот со голема густина со што се избегнува нелагодното чувство по неколку часа возење.
ПАМЕТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ИСКЛУЧИТЕЛЕН ВНАТРЕШЕН ПРОСТОРВо кабината, сè е поудобно благодарение на просторноста, практичното складирање и паметниот распоред.
Ширината на патеката на C4 и електричниот ë-C4 исто така нуди вистински простор за нозете на задните седишта.
И благодарение на многу широките седишта, три лица можат да седнат на задното седиште и да уживаат во оптимален комфор.
ИНФОРМАЦИИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ВЕРЗИЈАë-C4 има неколку интуитивни интерфејси специјално за електричната верзија.
Со наменскиот дисплеј на дигиталната единица ќе го видите опсегот на возење и ќе можете да пристапите до индикаторот за напојување, протокот на енергија и поставките за топлина.
На таблетот со 10“ екран на допир ќе ја добиете статистиката, протокот на енергија и приказот за распоред за полнење на батеријата. Последно, но не и најмалку важно, кога автомобилот се полни, на екранот се прикажува преостанатото време, опсегот за возење и нивото на батеријата.
ИНТУИТИВЕН ИНТЕРФЕЈС За вистинска смиреност, C4 и електричниот ë-C4 се опремени со 20 типа технологија за помош при возењето од најнова генерација, едноставна за употреба. Може да се активира од управувачот или од екранот на допир во автомобилот. ПОТПИРАЊЕ СО ПРОГРЕСИВНИ ХИДРАУЛИЧНИ ПЕРНИЧИЊА® Потпирањето со Прогресивни хидраулични перничиња® може да ги измазни сите нерамнини на патот за неверојатен комфор. Обезбедува ефект на вистински летечки килим над мали нерамнини и вдлабнатини на патот. Спречува дури и големите дупки да не ве потресуваат. Иновација на Citroën за ново искуство во возењето. ЕЛЕКТРИЧЕН СОНЧЕВ ПОКРИВ Внатрешноста на Citroën C4 и електричниот ë-C4 е облеана во светлина благодарение на големиот електричен сончев кров. Ролетната за затемнување значи дека можете да ја прилагодите количината на светлина што ја сакате во вашиот автомобил. 100% ЕФИКАСНО ВОЗЕЊЕ ВО Ë-КОМФОР КЛАСАЕлектричниот Citroën ë-C4 нуди динамично возење со спокојство:
- Без вибрации, без потреси, без нагли застанувања и тргнувања, за совршено непречено возење
- Вртежниот момент е веднаш достапен за стимулирачко искуство во возењето
- Услуги што ги планирате од далечина за поедноставено секојдневие.
Возете спокојно
LES AVIS CLIENTS ADVISOR SUR C4 ET Ë-C4 ÉLECTRIQUE
NOS CLIENTS EN VIDÉO
SUR LES RÉSEAUX SOCIAUX
CITROËN C4 ET Ë-C4 C-SERIES
La série spéciale C-Series se différencie par des couleurs et matières spécifiques visibles à l’extérieur comme à l’intérieur du véhicule avec notamment le nouveau Pack Color Bronze Anodisé.
Éléctrique, essence ou diesel, Citroën C4 C-Series est dotée d'équipements valorisants pour le bien-être et la sérénité du conducteur et des passagers.
- Blanc Banquise
- Gris Acier
- Noir Obsidian
- Caramel Brown
- Iceland Blue
- Gris Platinum
- Elexir Red
МОТОРИ
ЕЛЕКТРИЧЕН, БЕНЗИН ИЛИ ДИЗЕЛ
- Електричен мотор со 156 КС (115 kW) и автоматски менувач
- Вртежен момент од 260 Nm достапен веднаш
- Полнење до 80% за 30 минути* за опсег на возење до 420 km (циклус WLTP)
- Батерија од 50 kWh гарантира 8 години или 160.000 km за 70% од нејзиниот капацитет за полнење
- Полнење на јавна станица од 100 kW.
Нова генерација Euro 6d бензински мотор со избор од 100-155 КС коњски сили:
- PureTech бензински мотор со 100 КС со 6-степен мануелен менувач и Stop & Start
- PureTech бензински мотор со 130 КС со 6-степен мануелен менувач и Stop & Start
- PureTech бензински мотор со 130 КС со 8-степен автоматски менувач и Stop & Start
- PureTech бензински мотор со 155 КС со 8-степен автоматски менувач и Stop & Start
Нова генерација дизел мотор Euro 6d со 110-130 КС:
- BlueHDi дизел мотор со 110 КС со 6-степен мануелен менувач и Stop & Start
- Бензински мотор BlueHDi со 130 КС со 8-степен автоматски менувач и Stop & Start
Le programme « Citroën Citizen Services ® » s’enrichit d’un nouveau service de location au mois, simple, transparent et flexible.
Louez sans engagement, de 1 à 12 mois
Choisissez ë-C4 Électrique, la berline compacte au confort absolu, avec une autonomie pouvant aller jusqu’à 357 km et qui se recharge à 80% en 30 mn
À partir de XXX€
ACCESSOIRES
Profitez de la multitude d'accessoires proposés pour Nouvelles C4 ou ë-C4 comme le câble de recharge rapide.
Besoin d'espace pour transporter vos bagages ?
Disposez d'une gamme complète de barres et coffres de toit.
Envie de conduire une Citroën entièrement à votre image ?
Vous pouvez également exprimer votre personnalité avec ces équipements.