Кон содржината
C5 X Plug-in Hybrid

C5 X PLUG-IN HYBRID

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕКОЈ ДЕН, НА БЕНЗИН ПО ПОТРЕБА

Освен во бензинска изведба, новиот Citroën C5 X е достапен во хибридна верзија, прилагодувајќи се на сите намени за слободно секојдневно возење без ограничувања, како и неочекувани патувања. C5 X Plug-in Hybrid нуди технолошкa и модерна електрична мобилност со цел да го нагласи комфорот и сестраната употреба: мобилност во e-комфор класа.
ЕЛЕКТРИЧЕН ОПСЕГ ЗА ВОЗЕЊЕ И ДО 63 KM

C5 X Hybrid одговара за повеќето дневни рути. Во електричен режим, нуди :

  • Автономија и до 63 km (зависно од опциите со кои располага возилото и моменталните услови за користење);
  • Бесшумно возење до135 km/h;
  • Еколошко возење со 0 g/km емисија на CO2;

Батеријата на C5 X Plug-in Hybrid е со гаранција од 8 години или изминати 160,000 km за 70% од капацитетот за полнење.

 
100% ЕФИКАСНОСТ

C5 X Plug-in Hybrid овозможува едноставно возење, динамично,релаксирано и непречено:

  • 180КС моќност на моторот со внатрешно согорување и 81.2 kW (110 КС ) со електричен мотор за комбинирана моќност од 225 КС и инстантен вртежен момент од 360 Nm;
  • 4 режими на возење: Electric, Hybrid, Comfort и Sport;
  • Потрошувачка од 1.3 L/100 km за CO2 емисија од 29 g/km (според WLTP норми);
  • Оптимизирана потрошувачка со полнење на дневно ниво;
  • Режим Brake за обнова на енергијата од батеријата при сопирање и успорување.
 
БРЗО И ПРАКТИЧНО ПОЛНЕЊЕ НА ДНЕВНО НИВО

Постојат многу решенија за полнење на C5 X Plug-in Hybrid:

  • Wall box: Со опционален кабел тип 3, се полни од 0% до 100% за 3h 25min или за 1h 40 min со опционален вграден полнач 7.4 kW.
  • Приклучок тип Green’up: Батеријата може да се полни за 3 h 55 min со опционален засилен кабел тип 2.
  • Стандарден приклучок: Батеријата се полни до 100% за 7 h 5 min, или преку ноќ, со стандарден кабел 2.

100 kW станици за полнење не се компатибилни со C5 X Hybrid Plug-in Hybrid.

 
ОПСЕГ ЗА ВОЗЕЊЕ НА C5 X PLUG-IN HYBRID

Ë-КОМФОР КАЈ PLUG-IN HYBRID

Задоволство при возењето

Без бучава, без вибрации, паметно дизајнирана акустична изолација од патот и надворешниот свет, благодарение на специјално обложени предни и задни стакла: во патничката кабина во C5 Plug-in Hybrid, искуството при возењето достигнува врвно ниво на оптимален комфор и тишина.

Двата мотори ги здружуваат силите и овозможуваат флуидно движење на автомобилот. Брзиот и ефикасен електрифициран автоматски менувач ë-EAT8 го зголемува уживањето во возењето со веднаш достапен вртежен момент.

ГЛАВНИ ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОПСЕГОТ ЗА ВОЗЕЊЕ

БРЗИНА
Со бризна над 130 km/h, опсегот за возење на C5 X Plug-in Hybrid е преполовен во споредба со одобрениот опсег според WLTP норми. 
ТЕМПЕРАТУРА
Климатските услови и нивното влијание (греење или ладење на патничката кабина) влијаат на опсегот за возење. 
СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ
Непречено и мирно возење го оптимизира животниот век на батеријата на вашиот C5 X Plug-in Hybrid. 
ТОВАР
Дополнителна опрема на кровот или тежок товар влијае на потрошувачката на гориво на вашето возило. 

SIMULEZ L'AUTONOMIE DE VOTRE C5 X HYBRIDE RECHARGEABLE

ЧЕТИРИ РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ

Копче на командната табла овозможува да го одберете режимот за возење: Electric, Hybrid, Comfort или Sport. Управувањето на активното потпирање Citroën Advanced Comfort® постојано се прилагодува на секој режим на управување.

  • Electric: Возилото има опсег за возење и до 63 km, погодно за дневните рути на повеќето корисници. Тоа се километри поминати без употреба на гориво.
  • Hybrid: За оптимална ефикасност, управувањето помеѓу електричниот и моторот со внатрешно согорување, се врши автоматски.
  • Comfort: Заснован на режимот Hybrid, овој начин на возење нуди дополнителна флексибилност благодарение на активното потпирање Citroën Advanced Comfort®.
  • Sport: C5 X Hybrid нуди динамични перформанси благодарение на електричниот мотор, кој го засилува бензинскиот мотор, за комбинирана моќност од 225 КС. Тогаш активното потпирање Citroën Advanced Comfort® е поцврсто со цел подобро држење на патот.
ПОЛНЕЊЕ НА C5 X PLUG-IN HYBRID

ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ

C5 X Plug-in Hybrid се карактеризира со многу едноставен начин на полнење:

  • Каблите за полнење се складирани на посебно место под прагот на багажниот дел.
  • Отворот за полнење, сместен на левата страна на задниот дел од возилото, вклучува LED индикатор кој го следи процесот на полнење.
  • Кога возилото се вози во електричен режим, се вклучува син индикатор под центалниот ретровизор, јасно видлив однадвор, со цел да биде видлив и во сообраќај, особено во гратските центри со рестриктивен пристап.
  • Полнењето може да биде програмирано од екранот на допир, на пример за да се искористи ефтината тарифа за електрична енергија.

 

РЕШЕНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ

На располагање се неколку можности за полнење на вашиот C5 X Plug-in Hybrid во домот или надвор од него, во зависност од вашите потреби :

  • Wall Box: Со опционален кабел тип 3, се полни од 0% до 100% за 3 h 25 min (16A) и за 1 h 40 min (32A) со 7.4 kW опционален полнач во кабината.

Достапен на јавни патишта и одредени паркиралишта, Wall Box може да се инсталира и во вашиот дом.

  • Засилен приклучок 14A Green’up: Батеријата може да се наполни за 3 h 55 min со опционален засилен кабел тип 2.
  • Стандарден 8A приклучок за домашни услови: Батеријата се полни до 100% за 7 h 5 min со стандарден кабел тип 2.

SIMULEZ LE TEMPS DE CHARGE DE VOTRE C5 X HYBRIDE RECHARGEABLE

 

LOCALISEZ LES BORNES DE RECHARGE COMPATIBLES

Voyagez en toute sérénité en C5 X Hybride Rechargeable

Localisez sur la carte les bornes de recharge compatibles avec votre Nouvelle Citroën C5 X Hybride Rechargeable autour de vous, ou sur vos trajets.

 

ИНТУИТИВЕН ИНТЕРФЕЈС

Наменски екрани посветени на Plug-in Hybrid

Кај верзијата C5 X Plug-in Hybrid на располагање се засебни екрани за елекричниот режим:

  • Дигитален екран кој го покажува статусот на полнење и траењето на батеријата, a воедно дозволува пристап до индикаторот за моќност и енергетскиот проток.
  • Екранот на допир го прикажува работниот статус на системот, поставките за одложено полнење на батеријата, термална подготовка и функцијата e-save, што овозможува да одржувате доволно моќ во батеријата за да ги извозите однапред предвидените дистанци во 100% електричен режим. На пример, при полнење на C5 X Plug-in Hybrid, на екранот се прикажува преостанатото време до целосно полнење на батеријата.
LES Ë-SERVICES DE C5 X HYBRIDE RECHARGEABLE

LES AVIS CLIENTS ADVISOR SUR C5 X HYBRIDE RECHARGEABLE

0 NOTE GLOBALE
NOTE MOYENNE
-/5
0 Les clients ont donné une note de {5] étoile
0 Les clients ont donné une note de {4] étoile
0 Les clients ont donné une note de {3] étoile
0 Les clients ont donné une note de {2] étoile
0 (1) étoile

Citroën
Advisor

CONDITIONS GÉNÉRALES D'UTILISATION AFNOR 

SOYEZ LE PREMIER À DONNER VOTRE AVIS

VOIR TOUS LES AVIS
LES AVIS CLIENTS

0 of 0 avis