Кон содржината
Гаранции за вашиот Citroën

CITROËN ГАРАНЦИИ

И покрај внимателното производство на вашето возило, со текот на времето може да се појават одредени дефекти. Во овие инаку исклучителни случаи и во обид да го одржи оптималниот квалитет, Citroën  нуди и други гаранции покрај законската фабричка гаранција.

LES GARANTIES DONT BÉNÉFICIENT LES CITROËN ACHETÉES NEUVES

GARANTIES DÉFAUT DE FABRICATION PEINTURE PERFORATION
DÉFAUTS COUVERTS Défaut de fabrication des pièces, sauf pièces d’usure (ex : plaquettes de freins)
Défaut de peinture ou de vernis de la carrosserie d’origine
Perforation : corrosion de l’intérieur vers l’extérieur de la carrosserie
CONTENU DE LA GARANTIE • Remise en état ou échange à titre gratuit des pièces défectueuses
• Prise en charge des frais de dépannage ou remorquage en cas de panne couverte en garantie
Réfection totale ou partielle de la peinture ou du vernis pour traiter le défaut
Remise en état ou échange des éléments défectueux, sur lesquels apparaît cette perforation due à la corrosion
DURÉE/KM • 2 ans à compter de la date de livraison
• Sans limite de kilométrage
2 ans (voiture particulière et utilitaire)
• 12 ans (voiture particulière)
• 5 ans (véhicule utilitaire)

ГАРАНЦИИ

Каде можам да најдам детали за гаранциите?

Тие се наведени во сервисната и гарантна книшка што ви беше дадена кога го купивте вашето возило.

Како функционира гаранцијата?

Во случај на дефект, или проблем со бојата, потребна е брза реакција од ваша страна. Обратете се директно во Citroën сервисен центар со вашата сервисна и гарантна книшка. Само овластен сервисен центар на Citroën може да потврди дали дефектот е покриен со комерцијалната гаранција на Citroën.

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА НА ГРЕШКИ ВО ПРОИЗВОДСТВО?

AUTOMOBILES CITROËN гарантира дека возилото нема било какви грешки во производството во период од 2 (две) години без ограничување на километражата, освен ако не постојат посебни одредби кои клиентот ги примил на знаење, почнувајќи од датумот на испораката на возилото.

Тој датум е наведен во “Гарантниот лист” во “Сервисната и гарантна книшка” која е предадена и испорачана со возилото.

Комерцијалната гаранција на грешки во производство покрива:

Освен ограничувањата наведени во документот за Комерцијална гаранција како и во “Сервисната и гарантна книшка”, Комерцијалната гаранција покрива бесплатна поправка или замена на делови за кои што Automobiles CITROËN или негов претставник ќе утврди дека се неисправни, како и работата потребна за поправка на возилото. Оваа поправка ќе се изврши со нови оригинални или репарирани делови (поправени делови кои ги задоволуваат истите спецификации како и оригиналните делови).


ТРАНСФЕР

Исто така, ако Вашето возило е неподвижно поради дефект покриен со гаранцијата, Automobiles CITROËN или негов претставник ќе ги покрие сите трошоци за поправка на возилото на лице место или за транспорт (влечна служба) на возилото до најблискиот овластен сервис на Automobiles CITROËN.

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА НА БОЈА

Automobiles CITROËN гарантира дека возилото нема грешки на оригиналната боја и лакот на каросеријата за километри и времетраење од Комерцијалната гаранција за грешки во производството.

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА ПРОТИВ ПЕРФОРАЦИЈА

Automobiles CITROËN гарантира дека возилото нема перфорација (корозија која доаѓа од внатрешната кон надворешната страна на каросеријата) од датумот на испораката наведен во гарантниот лист во Сервисната и гарантна книшка, во времетраење од:

– 12 години за патничко возило.

–  7 години за електрично возило C-Zero или Berlingo Electric

– 5 години за комерцијално возило како и електрично возило E-MEHARI