ЛИМАРО – ФАРБАРСКИ УСЛУГИ
Сервисот е опремен и со соодветен наменски апарат што служи за извлекување на оштетените возила.
ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ШТЕТА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО, ДОБРО Е ДА ЗНАЕТЕ:
Пријавување на штетата:
Доколку штетата што е настаната не е по ваша вина (записник од МВР), треба да се обратите во осигурителната куќа на лицето што ви ја причинило и истата да ја пријавите.
Доколку вие сте виновни за причинетата штета (записник од МВР), истата треба да ја пријавите во вашата осигурителна куќа.
Процена на штетата:
При пријавување на штетата инсистирајте процената да се направи во овластен сервис на Citroen! Стручноста на нашиот кадар за одредување на степенот на оштетеност на деловите врз основа на процедурите на производителот, ви гарантира најреална и оптимална процена на штетата.
Поправка на возилото:
Вие имате право да одберете во кој сервис ќе го поправате возилото без оглед на сугестии од трети страни. Наш совет е тоа да биде во нашите овластени сервиси, бидејќи:
– нема да има нарушување на гарантните услови (гаранцијата на возилото продолжува да важи),
– се вградуваат оригинални резервни делови,
– добивате гаранција од 1 година на заменетите делови и на извршената поправка,
– поседуваме и користиме специјален алат за дијагностика и поправка на возилото.