Кон содржината
НОВИ BERLINGO VAN, JUMPY И JUMPER

НОВИ BERLINGO VAN, JUMPY И JUMPER: CITROËN НАЈАВУВА НОВА ЕРА ЗА СВОЈАТА КОМЕРЦИЈАЛНА ГАМА

   Новиот Berlingo Van, Jumpy и Jumper ќе бидат меѓу првите модели што гордо ќе го истакнат новиот идентитет на марката и новото лого. Стилот еволуира, особено во предната маска и на контролната табла. Тие и понатаму ги имаат сите нивни изворни квалитети, но исто така имаат и бројна оптимизација за секојдневна смиреност во смисла на комфор, поврзување, помош во возењето и мотори.

 

   НОВИОТ CITROËN BERLINGO VAN за првпат нуди седишта Advanced Comfort® ексклузивитет на Citroën. Исто така има нова дигитална контролна табла и системи за информации и забава до кои може да се пристапи преку 10”централен екран, 20% повеќе опсег на возење и до 330 km (WLTP Mixt Cycle, во тек е сертифицирање), подобрени системи за помош при паркирање, Highway Driver Assist, надграден Surround Rear Vision поддржан од централен дигитален ретровизор, итн.

 

   НОВИОТ CITROËN JUMPY сега има надграден управувач со интегрирани контроли, контролна табла со нови прегради за складирање, нова 100% дигитална група инструменти и систем за информации и забава до кој се пристапува преку централен 10” HD екран поврзан со систем за завигација, електричен мотор со опсег на возење и до 350 km (WLTP Mixt Cycle, во тек е сертифицирање), нови системи за помош во возењето, итн.

 

   НОВИОТ CITROËN JUMPER исто така ја менува брзината. Доаѓа со комплетно нова понуда дизелски мотори, за првпат достапни со автоматски менувач, 100% електричен мотор (вклучително и водороден во 2024), комплетно дигитална контролна табла, систем за информации и забава до кој се пристапува преку централен HD екран со повразан систем за навигација, активна помош за паркирање, електрична рачна сопирачка, дигитален внатрешен ретровизор.

 

   Од My Ami Cargo до ë-Jumper Hydrogen, Citroën ја прикажува најшироката и најмодерна гама на пазарот, скроена да одговори на потребите на секој професионалец, а воедно и комплетно посветена на енергетската транзиција вклучувајќи 100% електрични верзии во целата понуда.

 

Poissy, 23 октомври 2023 – Со истовремена обнова на моделите Berlingo Van, Jumpy и Jumper, Citroën има намера дополнително да ги зајакне своите цврсти позиции на пазарот. Новата гама, широка и разновидна како секогаш, повеќе од кога било досега е насочена кон зголемените потреби на професионалците за одржлива мобилност со уште помоќна и поефикасна 100% електрична гама.

 

Citroën секогаш бил партнер на професионалците во нивното секојдневие. Од 2CV van до Berlingo Van, од култниот Type H до неочекуваниот My Ami Cargo, марката секогаш била посветена на кршење на конвенционалното, правејќи ја мобилноста достапна за сите компании, одговарајќи на сите нивни потреби и помагајќи им на бизнисите да растат.

 

Проширената и разновидна гама ги рефлектира вредностите на Citroën: исклучителен комфор и генијален дизајн што овозможува најмногу од секој кубен сантиметар.

 

1.      НОВО CITROËN BERLINGO VAN

 

Репер на пазарот зна комерцијални возила, Berlingo Van го прифаќа новиот потпис на Citroën. Комфорот при возењето е оптимизиран, додека опсегот во возењето со нула емисија на издувни гасови кај ë-Berlingo Van е зголемен за 20% до 330 km (WLTP Mixt Cycle, во тек на сертификација)

 

ОБНОВЕН ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА И ВНАТРЕШНОСТА

Во смисла на стил на надворешноста, новото Berlingo Van го има најновиот дизајн на марката, со поисправен преден дел кој е целосно обновен - од решетката на ладилникот до браникот и предната светла. Резултатот е дека ликот на Berlingo Van има повеќе карактер, нагласувајќи ја неговата динамичност и робусност. Странично, стилските промени главно се фокусирани на тркалата, кои добиваат нов изглед. Достапна е нова боја на каросерија: сина Kiama.

 

Патничкиот простор е редизајниран и сега има нова поергономска контролна табла. Квалитетот на завршната обработка исто така е подобрена. Новата контролна табла вклучува нов 10” екран на допир со висока дефиниција. Нов е и управувачот и има копчиња за темпоматот и аудио системот. Кај електричната верзија, додадени се контроли зад воланот за управување со обновувањето на енергијата во зависност од моменталното ниво на полнење.

 

НОВИ СЕДИШТА CITROËN ADVANCED COMFORT

Без разлика дали се работи за патничко или комерцијално возило, комфорот е приоритет за Citroën. Новото Berlingo Van е компатибилно со новите седишта Advanced Comfort® седишта од Citroën, кои ќе бидат почитувани од сите професионалци кои секој ден поминуваат многу часови во своето возило. Ексклузивитетот на Citroën, седиштата Advanced Comfort® во новото Berlingo Van се засновани на елаборирана архитектура, вклучуваат специјални странични потпирачи и се обвиени со висококвалитетен сунѓер и ткаенина.

 

ДИГИТАЛИЗИРАН ПАТНИЧКИ ДЕЛ КОЈ ГО ПОЕДНОСТАВУВА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Комфорот на корисникот е клучен за оптимални професионални перформанси. Така, новиот Berlingo Van ја менува брзината, нудејќи им на корисниците најнови технологии за да го поедностават секојдневниот живот. Што се однесува до системот за информации и забава, сè е променето:

₋         Возилата со почетно ниво на опрема го добиваат My Citroën Play, во комплет со станица за паметни телефони, интегрирана приклучна станица за паметни телефони.

₋         Новото Berlingo Van може да собере две нивоа екрани од 10" во центарот на новата контролна табла. Екран на допир за контрола на новите мултимедијални системи на Citroën:

o   Новиот систем за инфромации и забава My Citroën Play, во комбинација со 10” екран како стандард.

o   Новиот систем My Citroën Drive Plus, во комбинација со 10” екран со висока дефиниција.

₋         Практичен безжичен полнач за паметен телефон

 

НОВИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

Зголемувањето на комфорот значи и намалување на обемот на работа за возачот. За таа цел, новото Berlingo е опремено со низа нови системи за помош при возењето.

₋         Подобрена верзија: Dynamic Surround Vision прикажан директно на централниот ретровизор: очи во задниот дел од главата.

₋         Подобрени системи за паркирање.

₋         Технологијата која го поедноставува животот: Новиот систем за помош при возењето по автопат кај Berlingo van, комбинира прилагодлив темпомат со функција stop and go, со помош за центрирање во лентата. Надополнува низа технологии за поголем комфор и безбедност, вклучувајќи предупредување за замор на возачот, читање на патните знаци, помош за задржување во лента, автоматско итно сопирање со откривање на пешаци и велосипедисти, ограничувач на брзината…

 

СО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО ДОСТАПНИ МОТОРИ, НОВИОТ Ë-BERLINGO Е ПОЕФИКАСЕН ОД БИЛО КОГА

За да излезе во пресрет на барањата на сите професионалци, Citroën нуди широк избор мотори за новото Berlingo Van. Мотори со внатрешно согорување вклучуваат бензински PureTech 110 bhp, како и дизел мотори BlueHDi 100 bhp и 130 bhp. ë-Berlingo го задржува 100% електричниот мотор, кој испорачува 100 kW (136 bhp) и максимален вртежен момент од 270 Nm, во комбинација со нова батерија од 50 kWh.

 

Благодарение на завршената работа за подобрување на ефикасноста, сега опсегот на нула-емисија кај ë-Berlingo Van е репер во сегментот: сега може да покрие и до 330 km (WLTP Mixt Cycle, во тек на сертификација) – 20% подалеку од претходниот модел. Ова растојание може да се оптимизира благодарение на нов регенеративен систем за сопирање, кој може да се активира врз основа на три регенеративни нивоа користејќи контроли вградени на управувачот.

 

Ë-Berlingo Van во кабината има 7.4 kW полнач и може да се опреми со опционален тро-фазен 11 kW полнач 11 kW за лесно полнење.

 

Користејќи 7,4 kW wallbox, батеријата може целосно да се наполни за 7,5 часа. Ова може да се намали на 5 часа со 11 kW wallbox. Ë-Berlingo Van е на врвот во својот сегмент во однос на забрзано време на полнење: 30 минути за полнење на батеријата од 20% до 80% преку јавно место за полнење од 100 kW.

 

ШИРОКА ПАЛЕТА СТИЛОВИ НА КАРОСЕРИЈА

Новото Berlingo Van ја задржува модуларноста и товарниот волумен што го направија неговиот претходник толку успешен. Достапен со 2 или 3 седишта и во две должини (M – 4.40 m и XL – 4.75 m) за сите типови мотори. Има вкупен капацитет и до 4.40 m3 и носивост од 1 тон (780 kg за електричната верзија). Секако, Berlingo Van сè уште доаѓа во верзија со продолжена кабина. Потпирачот за грб на централното седиште може да се преклопи за да претвори во масичка за пишување, додека страничното седиште може да се преклопи за да се овозможи носење на долг товар.

 

 

2.      НОВ CITROËN JUMPY

 

Новиот Citroën Jumpy е репер во смисла на разновидност, со компактна големина, неспоредливи карактеристики за комфор и безбедност, како и зголемена палета мотори – од дизелски BlueHDi до водороден. А потоа, тука е ë-Jumpy кој е дури и поефикасен.

 

Новиот Jumpy, комерцијално возило што прави сè! Просторен, со товарна зафатнина и до 6.6m3, спокоен во град со компактната големина (има круг на вртење од 12.4 m и висок 1.90 m), а на пат со своите моќни мотори е погоден за сите употреби. Дополнително новиот лик го прави уште поатрактивен.

 

 

ПОЕЛЕГАНТЕН, ПОМОДЕРЕН

Новиот Jumpy има нов преден дел, со оптимизиран браник за нагласен дизајн и аеродинамика, нови LED предни светла и целосно нова решетка на ладилникот вклучувајќи го и новиот потпис на марката. Странично, новите бои на тркалата ја комплетираат оваа обновена естетика, како и новата Titanum сива боја на каросеријата.

 

Новата елегантна контролна табла има нов дизајн и детали, а исто така е попрактична. Големината на постоечките прегради за складирање е зголемена и додадени се нови, особено во горниот дел каде што држачите за чаши се дизајнирани да држат паметни телефони, а тука е и новата преграда што може да прими таблети. Jumpy е вистински продолжеток на канцеларија. Управувачот е нов, со различни интегрирани контроли (системи за помош при возење, телефон, радио и сл.) и може да се загрева.

 

 

ЕФИКАСНОСТ ПРЕКУ ПОВРЗУВАЊЕ

₋         100% дигитална 10” контролна табла.

₋         Голем 10” HD централен екран и ултра-модерен систем за информации и забава.

₋         10” централен екран безжично поврзан со Apple CarPlay и Android Auto .

₋         Практичен безжичен полнач за паметен телефон.

 

УШТЕ ПОЕДНОСТАВЕН ЗА ВОЗЕЊЕ

₋         Напредна функција: Dynamic Surround Vision: поглед кон она што не може да се види.

₋         Технологија што го поедноставува животот: Ново кај Jumpy, системот за помош при возење на автопат, комбинира прилагодлив темпомат со функција stop and go, со помош при центрирање во лента. Надополнува низа технологии за поголем комфор и безбедност, вклучувајќи предупредување за замор на возачот, читање на патните знаци, помош за задржување во лента, автоматско итно сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, ограничувач на брзината…

₋         Серво возланот сега е електричен

 

НАЈСЕОПФАТНАТА ПАЛЕТА МОТОРИ

Дизелски, 100% електричен, па дури и водороден: различните мотори со кои може да се опреми Jumpy ги одговараат на потребите и ограничувањата на сите професионалци.

 

BlueHDi дизелските моторите се моќни и штедливи, а достапни се во повеќе комбинации: 120 КС и 145 КС во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, 180 КС со 8-степен автоматски менувач (исто така достапен со BlueHDi 145 ). Водородниот мотор со горивни ќелии нуди мобилност со нула емисија на издувни гасови со дарежлив опсег на возење од над 400 km ( WLTP Mixt Cycle, во тек е сертифицирање ).

 

Ë-Jumpy, со мотор од 100 kW (136 КС), сè уште е достапен со два типа на батерии. Со батеријата од 50 kWh, нуди опсег на возење од 224 km, совршено одговара, на пример, за дневни испораки во центрите на градовите. Ë-Jumpy со батеријата од 75 kWh сега има опсег на возење до 350 km – тоа е 20 km повеќе од претходниот модел, што гарантира оптимална разновидност.

 

Ë-Jumpy во кабината има вграден полнач од 7,4 kW и може да биде опремен со опционален трофазен полнач од 11 kW за лесно полнење.

 

Користејќи wallbox од 7,4 kW, батеријата од 50 kWh може целосно да се наполни за 6 часа и 40 минути . Батеријата од 75 kWh може целосно да се наполни за 11 часа и 20 минути. Користејќи wallbox од 11 kW, батеријата од 50 kWh може целосно да се наполни за 4 часа и 50 минути . Батеријата од 75 kWh може целосно да се наполни за 7 и пол часа. Со брз полнач од 100 kW, потребни се само 38 или 45 минути за полнење на батеријата од 0 до 80%.

 

 

СТИЛ НА КАРОСЕРИЈА ЗА СИТЕ УПОТРЕБИ НА КУПУВАЧИТЕ

Новиот Citroën Jumpy е достапен во две должини, M: 4,98 m и L: 5,33 m, и во неколку модели на каросерија: van, продолжена кабина со 5 или 6 седишта, подна кабина и Combi со 9 седишта. Има корисна зафатнина до 6,6 m 3 и носивост до 1.275 kg, во зависност од верзијата.

 

 

3.      НОВ CITROËN JUMPER

 

Новиот Citroën Jumper ги носи системите за помош при возењето, поврзаноста и комфорот на ново ниво со крактеристики единствени за сегментот, Палетата дизелски и електрични мотори е проширено обновена, гарантирајќи им на професионалците уште поголема ефикасност и пониски трошоци за употреба.

 

НАМЕТЛИВ ДИЗАЈН

Предниот лик кај новиот Jumper е редизајниран за дополнително да го зајакне силниот карактер на моделот, а истовремено да ги подобри неговите аеродинамички карактеристики. Имајќи го ова во предвид редизајнирани се браникот, решетката на ладилникот (сега во иста боја како и каросеријата) и ретровизорите. Долниот црн дел е зајакнат за дополнително да се подобри заштитата на возилото од удар. Новите, поелегантни LED предни светла, исто така се и 30% поефикасни од халогени претходници. Дополнително и задните светла добија нов дизајн.

 

Во патничкиот простор, контролната табла кај новиот Jumper е редизајнирана за да понуди подобрена ергономија и поелегантен стил, со нова група дигитлана контролна табла и голем централен екран. Надградени се и управувачот, контролите на менувачот и облогата на вратите.

 

 

ОПТИМИЗИРАНИ КОМФОР И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

₋         Кај Jumper се редизајнирани и функциите за информации и забава. Кај верзиите со повисо ниво на опременост, Jumper има нов 10" екран на допир што вклучува радио, системи за навигација, итн.

₋      Опционалната 7” целосно дигитална контролна табла е обновена и сега е уште појасна.

₋         Безжичен полнач за паметни телефони.

₋         Опционален дигитален внатрешен ретровизор.

₋         Електричен серво управувач.

₋         Електрична сопирачка за паркирање.

₋         Систем за „пристап и стартување без раце“.

₋         Радар за паркирање 360°.

₋         Нови системи за помош при возењето.

₋         Пакет Drive Assist: првиот чекор кон возење без возач.

 

РЕДИЗАЈНИРАНИ МОТОРИ

Новиот 2.2 дизелски мотор е достапен со три моќности: 120 КС, 140 КС and 180 КС, во комбинација со нов 6-брзински мануелен менувач. За прв пат, 8-брзински автоматски менувач е достапен како опција со BlueHDi 140 и 180.

 

Пионер во сегментот за нула емисии издувни гасови, Jumper ќе добие нов мотор со горивни ќелии (водород) во втората половина на 2024 година. ë-Jumper сега има целосно нов 100% електричен мотор.

 

Претходниот мотор на Ë-Jumper со 90 kW/122 КС е заменет со електрична единица која развива 200 kW/270 КС, со значително зголемен вртежен момент од 260 на 400 Nm. Дополнително, батериите од 37 и 70 kWh се заменети со еден модел од 110 kWh, што дава опсег на возење по WLTP и до 420 km .

 

ë-Jumper е стандардно опремен со вграден полнач од 11 kW во кабината.

 

11 kW wallbox може целосно да ја наполни батеријата за 11 часа и 45 минути. При користење на полнач за брзо полнење од 150 kW, 55 минути се доволни за полнење на батеријата до 80%.

 

ШИРОКА ПАЛЕТА СТИЛОВИ НА КАРОСЕРИЈА

Новиот Citroën Jumper е достапен во широка палета конфигурации за да одговори на  потребите на професионалците. Со достапни две меѓуоскини растојанија (3,45 m и 4,04 m), доаѓа во три должини (L2, L3 и L4) со вкупно 6 различни каросериски стилови со запремнина од 10 до 17 m3 . За да послужи како основа за посебни пренамени, новиот Jumper со меѓуоскино растојание од 4,04 m е достапен и во шасија со една кабина L3 или L4 и шасија со двојна кабина L3 или L4.