CITROËN C3 AIRCROSS
ИДЕАЛЕН SUV ЗА ГРАДОТ И ЗА РАЗОНОДА
Citroën C3 Aircross оди на повисоко ниво на пазарот и го потврдува својот карактер со нов израз на предниот дел, нови панели и поголем комфор во кабината со воведување на седиштата Advanced Comfort.
Сестран, модуларен и компактен, Citroën C3 Aircross SUV го поедноставува животот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО ЗА CITROËN C3 AIRCROSS
ОСОБЕН, КОМФОРЕН И СЕСТРАН
Седишта Advanced Comfort
Модуларност
Внатрешен простор
Grip control
НАШАТА ПОНУДА ЗА CITROËN C3 AIRCROSS
ПОНАМЕТЛИВ СТИЛ
ПОВЕЌЕ ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Комбинациите за надворешноста се збогатени до 70 можни комбинации благодарение на:
- 7 бои за надворешност, вклучително 3 нови (Kaki сива, Voltaic сина и Banquise бела);
- .4 пакети бои;
- .2 бои за кров.
За аголното стакло, се достапни 3 нови опции за нагласување во зависност од пакетот боја:
- Freeglass портокалова за Anodised портокалов пакет бои;
- Freeglass бела за бел пакет бои;
- Chrome во стакло со ефект на решетка за Shiny црн и Anodised Dark син пакети бои.
Понаметливиот преден лик кај C3 Aircross SUV е во целост обновен за поголема робустност. Претставен е кај новиот C3 во 2020, а допринесува кон новиот идентитет на марката Citroën, наметлив и уникатен.
Двојните хромирани шеврони кои се протегаат кон LED светлата, овозможуваат поголема видливост и безбедност.
ПРЕПОЗНАТЛИВ, КОМФОРЕН И СЕСТРАНПОВЕЌЕ КОМФОР
Удобен SUV за активен живот
Кога возите, Citroën прави да се чувствувате „како дома“ со дополнително нагласување на благосостојбата во кабината преку програмата Citroën Advanced Comfort®.
Citroën C3 Aircross е комфорен SUV за активен живот: ја задржува референтната модуларност, просторност и светлина, а го зголемува комфорното искуство во кабината благодарение на седиштата Advanced Comfort, претставени кај Citroën C5 Aircross SUV.
Како дополнување на потпирањето, обезбедувајќи неспоредлив комфор при возењето, Citroën C3 Aircross SUV нуди повеќе комфор благодарени на новите седишта Advanced Comfort, достапни во Urban син, Metropolitan графитен и Hype сив амбиенти на внатрешност.
Направени се како резултата на 100% иновација на Citroën.
Обезбедуваат визуелен и физички комфор благодарение на специјален сунѓер со дебелина 15mm. Обезбедуваат ергономски комфор со потпора и поддршка, особено за време на долги патувања благодарение на употреба на сунѓер со голема густина.
SUV ЕДНОСТАВЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕCITROËN ГРИЖА
УСЛУГИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ
CITROËN CONNECT ASSIST
CITROËN CONNECT NAV
Кога сте во степен за движење наназад, камерата прикажува поглед од позадината на возилото на 9” екран на допир, со ознаки во боја во зависност од близината на пречките, како и 180° реконструирана слика од позадината.
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ ВО BOJA Оваа функција му овозможува на возачот да го одржува погледот на патот додека ги проверува основните информации за возењето на проѕирен екран во рамки на видното поле: брзина, инструкции, аларми, итн. ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Овој систем е активна помош при паркирање. На барање на возачот, автоматски открива простор, а потоа го контролира управувачот за безбедно да го паркира автомобилот. Единственото нешто што преостанува е да го придвижите возилото наназад, да забрзате или да сопрете.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА БРЗИНА И ПРЕПОРАКИ Овој систем препознава знаци за ограничување на брзина и ја комуницира информацијата со возачот преку контролна табла и head-up дисплеј во боја. ВЛЕГУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ Овој систем овозможува заклучување/ отклучување и стартувате на возилото без да го извадите клучот од џеб. Возилото го препознава својот возач штом тој/таа се доближува. СИСТЕМ ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ НА МРТОВ АГОЛ Функцијата за надгледување на мртов агол е особено корисна на брзи патишта и автопати. Во аголот на ретровизорите се појавува портокалова светилка и укажува присуство на возило во мртвите агли. ACTIVE SAFETY BRAKE Сопирачка за итни случаи работи од 5km/h со неподвижни или подвижни објекти и пешаци. Возачот е предупреден доколку се открие потенцијален удар. Системот автоматски ги активира сопирачките без да се потпре на реакцијата на возачот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПАУЗА ЗА КАФЕ Системот го предупредува возачот кога е време за пауза по непрекинато возење два часа со брзина преку 65km/h. CITROËN CONNECT PLAY
Компатибилен со Apple CarPlay™ и Android Auto, Mirror Screen овозможува да се поврзете со мобилен телефон или да го пресликате неговиот екран во C3 Aircross SUV.
Компатибилните апликации на вашиот паметен телефон тогаш се достапни и на екранот на допир од таблетот во автомобилот.
CITROËN CONNECT NAVОд 9 '' таблет со екран на допир, ги контролирате сите функции на Citroën Connect NAV.
Со пакетот Connected Navigation, новата понуда од Citroën за услуги за поврзување, ќе искористите преглед на сообраќај во реално време со услуги од TomTom и опасни зони исто така со услуги од TomTom.
3D навигацискиот систем со гласовно активирање 3D информира во реално време за условите во сообраќајот, локација на бензински станици за и паркиралишта на вашата рута.
CITROËN CONNECT ASSISTCitroën Connect Assist е услуга за геолокациски повици за итни случаи и помош на пат.
Во случај на незгода или друга ситуација што бара итна интервенција, оваа технологија овозможува да се испрати соодветна помош, автоматски или со притискање на копчето „SOS”.
Оваа услуга е достапна 24/7, без дополнителна пријава.
12 ТЕХНОЛОГИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО КОРИСНИ И ИНТУИТИВНИ C3 AirCross SUV има 12 технологии за нагласување на безбедно и комфорно возење во кабината, вклучувајќи Grip Control со помош при стартување на нагорнина и head-up дисплеј во боја, обезбедувајќи корисните информации да бидат секогаш во видно поле. НОВ 9" ЕКРАН НА ДОПИР Citroën C3 Aircross SUV има нов 9" екран на допир со подобра ергономија и попрактично користење УСЛУГИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ Citroën C3 Aircross SUV е опремен со индукциско полнење за паметен телефон. Практична и функционална, оваа технологија ја елиминира потребата за кабел.NOS CLIENTS EN VIDÉO
SUR LES RÉSEAUX SOCIAUX
БОИ
- Kaki Grey
- Pepper Red
- Voltaïc Blue
- Noir Perla Nera
- Gris Platinium
- Gris Acier
- Polar White
4 МОТОРИ
Технологијата и ветувањето за бегство со низа економични и ефикасни мотори од последна генерација. C3 Aircross SUV е достапен со бензински PureTech (110 и 130) или дизелски BlueHDi (110 и 120) мотори.
Шест-степен мануелен менувач е понуден со PureTech 110 S&S и BlueHDI 110 S&S мотори, додека автоматски менувач EAT6 е понуден со PureTech 130 S&S и BlueHDi 120 S&S мотори.